Најнова информација околу новиот ангажман на Мурињо: Се пријавил за работа во…

Дерби

19/12/2018

17:17

2.713

Големина на фонт

а а а

Жозе Мурињо доби отказ и неславно ја заврши и својата авантура во Манчестер Јунајтед која започна во 2016 година, а траеше се до вчера попладне.

Португалецот не успеа да им го донесе на Јунајтед тоа што се бараше од неговиот ангажман. А раководството на Манчестер бараше тој да го врати победничкиот дух и трофеите на „Олд Трафорд“. Токму поради тоа предвреме беше прекината соработката со него.

Интернетот зовре со шегите на негова сметка, а најинтересно беше на социјалните мрежи каде што Мурињо беше истролан со дефинитивно најаката шега на негова сметка. Популарниот франшизен ланец на пицерии „Пица Хат” на својата официјална страна објави дека Мурињо се пријавил за пица шеф во нивните пицерии, но сепак од Манчестер бараат додатни референци за негов ангжман.

Како и да е, шегите на страна за Жозе, според информациите тој добро ќе го наплати овој отказ и ќе добие дури 22,5 милиони фунти од составот на Јунајтед.



Спонзорирани линкови

Маркетинг