Новинарите го пронајдоа Мурињо во Лондон: Немам што да кажам, ме знаете...

Точка

19/12/2018

16:23

1.460

Големина на фонт

а а а

Жозе Мурињо во понеделникот доби отказ од Манчестер Јунајтед после две и пол години во клубот, а новинарите денес „го фатија“ пред неговата куќа во Лондон.

Новинарот го запраша Мурињо за коментар околу последните случувања и неговите планови за во иднина, но Португалецот со насмевка на лицето му порача дека нема да даде никаков коментар.

„Може ли да прошетам?“ го запраша Мурињо новинарот, кој што му одговори дека утрото е прекрасно. Сепак, во продолжение новинарот продолжи да му поставува прашања на Мурињо, по што тренерот на Јунајтед во неколку наврати повтори дека нема да каже ништо.

„Не, ме знаете. Немам што да кажам. Ако сакате да прошетате, ќе прошетаме, но немам што да кажам“, изјави Жозе Мурињо.



Спонзорирани линкови

Маркетинг