Пеп Гвардиола застана во одбрана на Мурињо

Точка

19/12/2018

09:08

1.957

Големина на фонт

а а а

Главна вест во светот на фудбалот и натаму е отказот кој што вчера управата на Манчестер Јунајтед му го врачи на Жозе Мурињо.

Иако се очекуваше такво нешто поради лошите резултати на Манчестер Јунајтед оваа сезона, сепак сите останаа изненадени вчера откако клубот од „Олд Трафорд“ потврди дека е раскината соработката со Жозе Мурињо.

Еден од најголемите ривали на Жозе Мурињо, Пеп Гвардиола на големо изнеадување на сите, синоќа застана во одбрана на Португалецот.

„Јас сум на негова страна. Ние, тренерите, секогаш сме сами. Тој е силен човек и наскоро ќе се врати“, изјави Пеп Гвардиола.



Спонзорирани линкови

Маркетинг