СДСМ: Антизападниот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ бегаат од дебата, сакаат да го поткопаат договорот од Преспа

Макфакс

18/12/2018

18:15

958

Големина на фонт

а а а

Анти НАТО Мицкоски денеска потврди дека е дел од оние што сакаат да го поткопаат Доворот од Преспа, да ги закочат ЕУ и НАТО интеграциите на Македонија, обвинија од СДСМ.

„Толку ниско падна антизападниот Мицкоски што процесите за членство во ЕУ и НАТО во Собранието ги прогласи за фарса. Во истиот ден кога од стратешкиот партнер на Македонија, САД, пристигна потврда за напредокот на земјава, за значењето на Договорот од Преспа и охрабрувањето за заокружување на процесот за полноправно членство во НАТО и ЕУ.

Анти НАТО Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ може да бегаат од дебата но членство на Македонија во НАТО и ЕУ нема да биде спречено.

Огромно мнозинство од над 80% од граѓаните се за НАТО и ЕУ и затоа стратешката определба на Македонија мора да биде почитувана.

Македонија и нејзините граѓани одат напред, кон иднина во ЕУ и НАТО“ порачаа од владеачката партија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг