Мурињо доби отказ од Манчестер Јунајтед

Дерби

18/12/2018

11:19

3.046

Големина на фонт

а а а

Жозе Мурињо од денеска веќе не е менаџер на Манчестер Јунајтед. Информацијата ја објави англискиот клуб, потврдувајќи дека Португалецот ја напушта функцијата.

– Клубот му благодари на Жозе Мурињо за соработката, ќе биде назначен привремен менаџер за до крајот на сезоната, а во меѓувреме ќе биде пронајдено и долгорочно решение, – стои во соопштението на Манчестер Јунајтед.

Мурињо беше назначен како нов предводник на Манчестер Јунајтед во 2016 година и од тогаш освои трофеи во куповите во Англија, како и во Европа Лигата. Сепак, Португалецот не успеа да го крене клубот и според многумина сосема заслужено доби отказ од Манчестер Јунајтед.



Спонзорирани линкови

Маркетинг