Тензиите растат, ќе има ли нов судир? Украина распоредува тенкови и борбени возила во Донбас...

Точка

17/12/2018

09:30

2.998

Големина на фонт

а а а

Украинската армија распореди повеќе од 60 тенкови и борбени возила на својата територија на истокот, поточно во регионот Донбас каде што се уште се активни про-руските сепаратисти.

Портпаролот на Министерството за одбрана на самопрогласената Доњецка Народна Република, Данил Безсонов открил дека украинските сили започнале да распоредуваат свои оклопни единици на истокот.

Според него, украинската армија во регионот Донбас започнала да распоредува тенкови и авијација, а тоа најистакнато било на демаркациската линија со самопрогласената Доњецка Народна Република.


„Во текот на изминатите два дена, тенкови и механизирани баталјони при 93-та механизирана бригада пристигнуваат на железничката станица Константиновка. Таму се зајакнуваат украинските сили со 60 тенкови и борбени возила за пешадијата“, пренесуваат тамошните медиуми.

Разузнавачките служби на самопрогласената Доњецка Народна Република пријавиле дека четири борбени авиони на украинската авијација од типот „Су-25“ биле распоредени на аеродромот во Берџанск.

Според Безсонов, овие авиони би можеле да се користат за операции и огнена поддршка при масивни воздушни удари.


Сепак, не е јасна конфузијата кај про-руските терористи на истокот на Украина, кога е во прашање распоредувањето на украинските сили на територијата на Украина, нешто што е сосема логично и нормално.

Од почетокот на судирите во Донбас во април 2014-та година, предизвикани од про-руските сепаратисти поддржани од Москва, досега беа прогласувани околу 20 примирја, а последното примирје е на сила од 29-ти август оваа година. Сепак, украинските власти засега не можат да постигнат долготрајно примирје со терористите и конечно да завладее мир во Украина, најмногу поради интензивниот политички притисок од Москва и можноста од нова руска агресија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг