Претерување во буквална смисла на зборот: Дубаи доби нов луксузен хотел

Точка

16/12/2018

17:09

4.999

Големина на фонт

а а а

Тавани од 24-каратно злато, 6.400 блескави лустери и 500 метри плажа. Кога велиме претерување, всушност мислиме на овој хотел.

„Emerald Palace Kempinski Dubai“ е хотел кој е сè само не скромен, а врататa за гостите со „длабок џеб“ е отворена од минатиот месец.

Инспириран е од европските палати од 18-ти век, а во хотелот има огромен лустер од 40.000 кристали од Сваровски. Хотелот поседува 391 соба, а иако секоја соба е луксуз за себе, во ниедна не изостанува детаљ од 24-каратно злато.

Хотелот поседува и девет вили, распоредени околу градината, во стилот на Версај.

Во рамките на хотелот, ве очекуваат дури осум ресторани и првиот ресторан „Алан Дукас“ во UAE.