Точен резултат: Овен предвиде како ќе заврши дербито меѓу Ливерпул и Јунајтед

Дерби

15/12/2018

13:59

1.974

Големина на фонт

а а а

Во недела од 17 часот на „Енфилд Роуд“ се игра најголемото англиско дерби меѓу Ливерпул и Манчестер Јунајтед.

Многу добро е познато како е ривалството помеѓу овие два тима и колку значи победата во овие средби не само за клубот, играчите туку и за навивачите. Еден од ретките играчи кој имал можност да биде дел од двата табори е легендарниот Мајкл Овен кој ја започна кариерата во Ливерпул за да во финишот на истата заигра за „црвените ѓаволи“.

Сега пак Овен од еден сосема поинаков агол ги гледа настаните, па пред ова дерби го искажа својот став или поточно даде своја прогноза за тоа како ќе заврши. Според некогашниот англиски репрезентативец ќе паднат три голови на дербито и ќе победи четата на Клоп со 2-1.

Еве какви резултати Овен прогнозира на другите средби од оваа рунда:

Манчестер Сити-Евертон 3-1

Кристал Палас-Лестер 0-0

Хадерсфилд-Њукасл 1-1

Тотенхем-Барнли 2-1

Вотфорд-Карфид 2-1

Вулверхемптон-Бурнмаут 1-0

Фулам-Вест Хем 2-2

Брајтон-Челси 1-2

Саутемптон-Арсенал 1-3



Спонзорирани линкови

Маркетинг