Клоп загуби уште еден стартер пред големото дерби со Јунајтед

Дерби

14/12/2018

21:03

1.914

Големина на фонт

а а а

Јирген Клоп со големи емоции го прослави триумфот над Наполи кој му обезбеди пласман на Ливерпул во осминафиналето во Лигата на шампионите, но сега пред него е уште еден голем предизвик, односно вечното дерби со Манчестер Јунајтед кое в недела се игра на „Енфилд Роуд“.

Сериозниот испит доаѓа во ситуација кога Ливерпул е на првото место на табелата во Премиер лигата, но пред овој натпревар, Клоп се соочува и со доста непосакувани проблеми, бидејќи загуби неколку играчи во одбраната во краток интервал. По скршеницата на Гомез, на мечот со Наполи тешка повреда заработи и стоперот Матип, а сега неволјите се зголемија и со повредата на уште еден стартер во одбраната, Трент Александер Арнолд.

Клоп потврди дека нема да може да смета ниту на својот стандарден десен бек во пресметката со Јунајтед, па поради тоа, ги посочи и трите опции со кои располага за негова замена.

– Арнолд нема да биде во опција за игра, а добра вест е што Клајн се врати во тимот по паузата од три недели. Тој тренираше со нас во изминативе четири дена и ќе биде на располагање за натпреварот в недела. На оваа позиција може да играат и Рафа Камачо и Куртис Џонс кои беа фантастични во пресезоната, – истакна Клоп на денешната прес-конференција.



Спонзорирани линкови

Маркетинг