Извори тврдат дека новиот Samsung Galaxy S10 ќе биде претставен во февруари следната година

Супермен

14/12/2018

11:51

1.759

Големина на фонт

а а а

Неодамна на Интернет започнаа да кружат информации за можните перформанси и спецификации, како и датумот за претставувањето на новиот Samsung Galaxy S10.

Според пишувањето на медиумите, Galaxy S10 би можел да биде претставен на 20 февруари наредната година, а најпрво ќе се најде на пазарот во Велика Британија. Меѓутоа, некои медиуми тврдат дека мобилниот телефон истовремено би се нашол и во САД. Важно е да се истакне дека ова сè уште се неофицијални податоци. 


Samsung Galaxy S10 наводно ќе биде претставен непосредно пред почетокот на Mobile World Congress во 2019 година. Обично Samsung ги лансира своите уреди од S серијата на претходно наведениот настан, но анонимен извор тврди дека компанијата би можела да одржи и сопствена промоција на 20 февруари 2019 година, само неколку дена пред почетокот на конгресот.

После промоцијата, уредите наводно ќе бидат лансирани на пазарот на 8 март 2019 година. Како што претпоставува јавноста, во продажба би се нашле трите варијанти на наведениот мобилен телефон, пренесува Android Authority.


Samsung Galaxy S10 ќе има заоблен дисплеј со големина од 6,1 инч, 128 GB или 512 GB интерна меморија, а цената ќе се движи од 1.009 до 1.262 долари.

Од друга страна Samsung Galaxy S10 Plus ќе има поголем дисплеј од 6,4 инчи, од 128 GB, 512 GB до 1 терабајт интерна меморија. Цената на овој телефон ќе се движи од 1.136 до 1.767 долари.


Најефтината варијанта на овој Samsung ќе биде Galaxy S10 Lite кој на пазарот ќе чини 854 долари.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk