Вработените на Клинички и денеска на протест

Нетпрес

13/12/2018

09:38

1.304

Големина на фонт

а а а

Здравствените работници од Клинички центар, денеска трет ден на протест, откако Градот Скопје прво најави, а потоа и донесе одлука за зголемување на цената за паркирање за вработените од 300 на 800 денари.

Но, во денешната најава за протестот, нивните барања се прошируваат- бараат продолжување на дијалогот за покачување на платите.

- Паркингот на Клинички е капка која ја преполни „чашата“ на наталожените проблеми со кои се соочуваат вработените во Клинички и затоа јавно бараме итно решавање на проблемите кои се акумулирани во јавното здравство без насочување во погрешен правец како што е последното со паркингот на Клинички, а се со цел избегнување на одговори и пронаоѓање на решенија на актуелните проблеми. Барањата се множат, а едно од тие е, поради незадоволство од динамиката со која се водат преговорите за покачување на платите на вработените во Клинички центар Скопје, бараме итно продолжување на дијалогот со ресорното министерство и Сскц Самостоен Синдикат на Клинички по основ на ветените покачувања за сите вработени во Клинички Центар без поделба на коефициенти по профили, се вели во најавата за денешниот протест.



Спонзорирани линкови

Маркетинг