Тежок удар за италијанската мафија: Погледнете како „Карабинерите“ ги изненадија „другарите“ на главниот бос кој е во бегство 25 години

Точка

11/12/2018

17:50

4.542

Големина на фонт

а а а

Италијанската полиција потврди дека утринава бил извршен претрес на 25 осомничени соработници на Матео Месина Денаро, шеф на сицилијанската мафија кој што е во бегство повеќе од две децении.

„Карабинерите“ соопштија дека во притвор се наоѓа еден од најважните членови на познатата мафија кој се наоѓа под истрага за учество во организиран криминал и недозволена трговија со антиквитети. Неговото име не било објавено, пренесува британската новинска агенција „Ројтерс“.

Претресите започнале рано утринава во малите сицилијански градови Масара Дел Вало и Кастелветрано.

Инаку, Матео Месина Денаро, кој што во мафијашките кругови бил познат како „Дијаболик“, е во бегство од 1993-та година, а доаѓа од областа Трапани, крајбрежен град западно од сицилијанската престолнина Палермо.

Го сметаат за наследник на најмоќниот шеф на италијанската мафија, озлогласениот Салваторе „Тото“ Рино кој што почина во затвор минатата година.

Сепак, обвинителите во текот на минатата година изјавија дека Матео Месина Денаро не бил „шеф над шефовите“ во сицилијанската мафија, што значи дека на слобода е уште помоќен мафијашки бос кој ги контролира сите преостанати моќни кланови во Палермо и пошироко низ Италија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг