Усвоен Маракешкиот договор: За него гласале преку 160 држави, а еве зошто е значаен

Точка

10/12/2018

19:21

3.613

Големина на фонт

а а а

Договорот го поддржала и германската канцеларка Ангела Меркел, додека Америка била против.

Договорот на Обединетите нации кој обезбедува гаранции за сигурно, уредно и хумано движење на луѓето ширум светот, денес го усвоиле повеќе од 160 земји во мароканскиот град Маракеш. 

"AP" пренесува дека на собирот, кој го отворил генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, високи претставници на владите на 164 земји, меѓу кои и германската канцеларка Ангела Меркел, дале поддршка на Глобалниот договор за миграција, и покрај негодувањето на САД и уште некои држави.

Заговарачите на овој договор наведуваат дека миграцијата може да им помогне на националните економии и подмладување на работните сили во држави со постара работна сила и дека со уредната миграција ќе бидат спасени животи.

Оние кои се противат на договорот, тврдат дека тој ќе го доведе во прашање националниот суверенитет и стравуваат од уплив на мигранти, наведува агенцијата.

Станува збор за документ на 34 страни кој носи 23 цели со кои треба да се обезбеди "безбедна, уредна и регуларна" миграција, вклучувајќи заштита на мигрантите од искористување и кршење на човековите права.

Пописот вклучува цели кои се однесуваат на собирање на податоци, пружање информации за мигрантите, борба против шверцувањето и трговија со луѓе, вложување во развојот на вештини, обезбедување на пристап до основни услуги и промовирање на социјална вклученост и кохезија.

Се става акцент и на важноста на намалувањето на негативните фактори поради кои луѓето се принудени да ги напуштат своите земји, како и на управување со националните граници на "интегриран, безбеден и координиран начин".




Спонзорирани линкови

Маркетинг