Пуштале музика за да го неутрализираат звукот од сечењето со моторна пила: "CNN" ги објави последните зборови на убиениот новинар

Точка

10/12/2018

12:43

3.124

Големина на фонт

а а а

Последните зборови кои ги изговорил убиениот саудиски новинар Џамал Кашоги, откако го затвориле саудиските напаѓачи во конзулатот на таа земја во Истанбул, биле "не можам да дишам", објавил "CNN", повикувајќи се на извори блиски до истрагата.

Изворот кој го преведувал транскриптот од аудио снимката од последните моменти на Кашоги, изјавил дека неговото убиство на втори октомври било испланирано. 

Како што се наведува, новинарот се борел за живот.

"Не можам да дишам", три пати повторил тој.

Во транскриптот се наведува и дека на снимката се слушал звук од моторна пила како и музика која убијците ја пуштале за да го неутрализираат звукот од сечењето на телото на Кашоги. Се наведува дека и непосредно по убиството биле направени неколку телефонски разговори во кои некој бил известен за завршената работа.

Кашоги на втори октомври влегол во саудискиот конзулат за да добие документација која му била неопходна за венчавка со својата девојка од Турција, а таму препознал еден маж.

Како што тврди изворот на "CNN", станува збор за Махер Абдулазиз Мутреба, поранешен саудиски дипломат и известувач кој работи за саудискиот престолонаследник Мухамед бин Салман.


"Се враќаш назад", му кажал мажот на Кашоги по што тој му одговорил дека "тие не можат да го направат тоа".

Еден од гласовите кој се препознава на снимката е идентификуван како гласот на д-р Салах Мухамед ал-Тубаики, шефот на форензичка медицина во министерството за внатрешни работи во Саудиска Арабија.

Транскриптот е релативно краток и во него нема многу дијалози, ниту се објаснува зошто Кашоги би требало "да се врати назад", меѓутоа заклучокот е дека неговото убиство било однапред планирано и организирано и дека некој во Ријад бил известен за сето тоа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг