Поставен е нов рекорд: SpaceX лансираше ракета со дури 64 сателити

Точка

04/12/2018

18:09

2.984

Големина на фонт

а а а

SpaceX, компанијата на Илон Маск во текот на вчерашниот ден лансираше ракета со 64 мали сателити, најмногу во една мисија на сите времиња.

Мисијата “SSO-A” е трет лет на една иста ракета – “Falcon 9” во вселената, а тоа е уште еден рекорд кога станува збор за оваа приватна вселенска компанија.

Ракетата полета од воздушната база Ванденберг во американската сојузна држава Калифорнија носејќи сателити на 34 различни компании, владини агенции и Универзитети. Мисијата следува неколку дена подоцна откако Индија на една ракета успеа да пренесе 34 сателити.

После лансирањето, ракетата “Falcon 9” успешно се врати на Земјата, односно слета на специјализиран брод во близина на брегот на Калифорнија.

Покрај тоа, SpaceX се подготвува за уште поголем проект – на 7-ми јануари идната година е закажано првото лансирање на ракета која што ќе пренесе астронаути до Меѓународната вселенска станица.