Драматични сцени од Турција, поплавите носеле автомобили по патиштата

Точка

30/11/2018

16:16

1.542

Големина на фонт

а а а

Турција во текот на средата и четвртокот била погодена од обилни дождови кои донеле огромни поплави.

Најтешко се погодени главниот град Анкара и туристичкото одредиште Бодрум на брегот на Егејското море. 

На социјалните мрежи биле објавени бројни снимки на кои се гледаат размерите на катастрофата - поплавите носеле возила во кои луѓето во паника се обидувале да ги спасат сопствените животи.

Повредени шест лица

Најтешко бил погоден округот Мамак во Анкара, чиј градоначалник за локалните медиуми изјавил дека уште не доживеал ваква природна катастрофа.

Водата поплавила бројни куќи и продавници. Според последните извештаи, повредени биле шест лица, а пријавена била штета на повеќе од 160 возила.