Нацистичкиот главен град на светот би бил плод на умовите на Адолф Хитлер и неговиот приврзаник, Алберт Шпер.
Проектот започнал во 1937-ма година. Направена била огромна макета, а цели делови на градот Берлин биле отстранети, се во исто време додека се планирал холокаустот. Хитлер визијата на својата нацистичка дистопија сакал да ја нарече "Welthauptstadt Germania" и требало, во теорија, да биде готова во 1950-та година. Шпер веќе го импресионирал Хитлер со својата работа во Нирнберг, каде намерно реинтерпретирал класична архитектура во масивни и многу нацистички градби осмислени да исплашат и да ја зголемат моќта.
Идејата на Шпер и Хитлер била да се земат сите монументални згради, булевари или скулптури кои Европа ги има и да се направат копии, само неколку пати поголеми. Повеќето од тие убавини би биле на седум километри долгиот булевар кој најдобро би ја илустрирал големината и моќта на нацистичка Германија. На југот би се наоѓала триумфална капија, како онаа во Париз, само шест пати поголема. На север, булеварот би се отворил кон ледината за одржување на паради.
Неговата палата ја инспирирале елегантни градби од римски Пантеон и Базиликата св. Петар, но на Хитлер од елеганцијата поважна му била големината. Просториите биле замислени на 99.000 квадратни метри со 200.000 тони материјал. Тоа би било центар на нацистичкиот кул, срце на велеградот и најголема затворена зграда на светот, која би можела да прими 180.000 луѓе. Само здивот на тие луѓе би создавал дожд, бидејќи влагата би се фаќала за плафонот и би произведувала дожд. Изграден бил само дел од зградата, а канцеларијата на Хитлер била уништена во бомбардирањето на Берлин во 1945-та година.
Десетина километри од центарот бил направен стадион за Берлинската Олимпијада која се одржувала во 1936-та година. Бил најголем во Европа, сличен на римскиот Колосеум, само 200 метри подолг. По успехот на Игрите Хитлер заклучил дека му е потребна помасивна арена, но таа била изградена само до пола.
Остатокот од велеградот би бил премрежен со патишта, железничка, тунели и простории за престојување. Самата околина не би била добра за своите жители кои по градот морале да се движат низ компликувани тунели под земјата, за да не ја нарушат убавината и складот на надворешниот изглед.
Архитектурата била искористена за буквално и метафорички да ги убие луѓето во поим. Со земја биле срамнети цели Берлински квартови, одземени биле повеќе од 60.000 станови, и повеќе од 100.000 Германци останале без кров над главата. Од Евреите биле преземени 25.000 станови. Биле исфрлени, пратени во гета, па во логори на смрт, а Германците без дом биле однесени во нивните домови.
Шпер наводно рекол дека "Евреите научиле да прават цигли во египетското ропство". Токму тоа било и почеток на холокаустот. Логорите Грос-Росен, Бухенвалд и Маутхаузен биле изградени покрај каменолом, додека Саксенаузен бил направен покрај циглана. Шпер потпишал договор со СС за сите цигли да одат на градилиштето Германија. Десетина илјади умреле од постојана работа на студот. Работната сила од 130.000 не ја сочинувале само Евреи, туку и воени заробеници, а наскоро почнале да собираат и Роми, хомосексуалци и просјаци за да се зголеми производството.
Имал Хитлер своите внатрешни критичари. Соработникот на Шпер, Ханс Штефан, нацртал низа карикатури низ кои ја пародирал мегаломанијата. Сметал и дека овие планови се во контраст со историјата и културата на Германија. Изградбата сопирала како војната напредувала. Шпар бил толку убеден во нацистичка победа, што се радувал на бомбардирањето на Берлин, за се да се срамни со земја и да започне вистинската изградба.
На крајот, всушност и имал среќа. Додека Хитлер, за жал, извршил самоубиство и не отишол на суд, Шпер во Нирнберг тврдел дека немал поим за Холокаустот и не бил погубен. Следните 20 години ги минал во затвор во Шпандау.