Триесетина граѓани со знамиња и патриотски песни се собраа пред зградата на ексфункционерот Владимир Пешевски каде извикуваат „предавник“.
Тие прочитаа писмо кое сакаа да му го предат лично на Пешевски и да влезат во неговиот дом, но полицијата ги спречи во ваквата намера.
„Македонскиот народ не поддржува насилничка промена на името. На сите ни е јасно дека сте под притисок и закани кои не ги издржавте, но имајте ги предвид националните интереси. Срамно е да повикувате пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да учествуваат во националното предавство. Со вакви поранешни функцинери сме пример за ненормална држава. Со кое право барате да се менува името? Народот ќе ве чува ако ви се закануваат, излезете да ја спасиме Македонија заедно“, порачаа од „Македонија блокира“ и го повикаа ексминистерот Владимир Пешевски да излезе и да го прими нивното писмо.
Протестот велат дека е реакција на отвореното писмо на Пешевски во кое повика на помирување и поддршка за уставните измени.