Осуден е канибалот кој ја изеде својата девојка и го згрози светот: На судењето пеел морничава песна!

Точка

21/11/2018

15:55

2.582

Големина на фонт

а а а

Канибалот кој што ја искасапи својата љубовница, ја испекол и го изел нејзиниот мозок, а потоа ѝ ја испил крвта, осуден е на 19 години затворска казна во Русија.

23-годишниот Димитриј Лучин ја убил својата девојка, 45-годишната Олга Бундова, откако 25 пати ја удрил со шише од вино по главата, а тоа не е се. После убиството, тој ѝ ги извадил внатрешните органи, го изел нејзиниот мозок и ја испил нејзината крв.

Покрај тоа, Димитриј на нејзиното тело со лак за нокти напишал „ку*ва“.

Лучин е прогласен за виновен за убиство со посебно брутални намери, а својата казна ќе ја издржува во специјален затвор за Русија каде што се сместуваат осудените за најтешки злосторства.

Судскиот психијатар го прогласи за ментално способен за судење, но неговото однесување во судот не давало впечаток дека се работи за нормална личност. Тој за време на судењето испеал бизарна песна со која што негирал дека е „манијак, убиец и канибал“.

„Јас сум студент, спортист и поет. Не сум никаков убиец. Невин сум и не би требало да одам во затвор“, си пеел Лучин, а подоцна и признал дека му се допаднал вкусот на мозокот на убиената Бундова.


Обвинителите успеале да докажат дека Лучин внимателно испланирал „ритуално, канибалистичко убиство“ со оглед на тоа што на интернет ги проучувал сериските убијци. Тој исто така признал дека бил сексуално возбуден од убиството.

Несреќната Бундова била убиена на Денот на жената кога нејзиниот млад дечко пристигнал во нејзиниот стан на романтична вечера.



Спонзорирани линкови

Маркетинг