„Сексот и градот“: Во сценариото за третото продолжение било предвидено да умре еден од главните ликови

Точка

20/11/2018

11:59

3.965

Големина на фонт

а а а

Минатата есен се надевавме дека ќе имаме прилика да видиме трето продолжение на филмот „Сексот и градот“.

Меѓутоа, изгледа дека оваа популарна приказна сепак завршила. Имено, Сара Џесика Паркер, главната актерка, која ја глуми улогата на Кери Бредшо, неколку пати изјавила дека се радува за продолжение на филмот, но нејзината колешка Ким Катрал, која ја толкуваше улогата на контраверзната Саманта Џоунес, одбила да глуми во третото продолжение.

Кога се дознало дека филмот сепак нема да се снима, како што обично се случува, излегле некои детали кои биле предвидени за во сценариотот на третото продолжение.

via GIPHY

Најголемото случување во целиот филм, дефинитивно би била смртта на Фацата, односно Mr. Big. Имено, Фацата требало да умре под туш од срцев удар, во првите неколку минути од филмот, а остатокот од акцијата би се вртел околу Кери и нејзиното жалење и продолжување на животот без нејзиниот сакан.

Неофицијално се дознава дека тоа била главната причина зошто Ким одлучила да ја одбие соработката, бидејќи нејзиниот лик би бил прилично спореден во целото трето продолжение, а не поради расправија со Сара Џесика.

via GIPHY

Изненадувачки, но Крис Нот, кој со години нè шармираше во улогата на Фацата, изјавил дека за него ова би било прилично добар дел од сценариото, бидејќи нема да станува збор за уште една „лигава“ романтична сцена, која ја презирал во двата дела на филмот.

Се пожалил дека една од најлошите сцени му бил крајот на првото продолжение, кога ја изненадил Кери во вградениот гардеробер на заедничкиот стан, држејќи ги нејзините нови чевли по кои се вратила откако се скарале.

via GIPHY

„Јас сум тимски играч, но никогаш не уживав во филмовите. Сметам дека се премногу сентиментални. Дури ниту хуморот не се поклопуваше со оној од серијата“, изјавил Крис во едно интервју.