Ракометна магија на која се поклони цела Шпанија: Со парабола удар го измами живиот ѕид и голманот

Дерби

19/11/2018

13:29

1.609

Големина на фонт

а а а

Шпанската АСОБАЛ лига ни донесе четири натпревари од 10-то коло изминатиов викенд, а последниот погодок со кој беше решен победникот на мечот меѓу Синфин и Бидасоа направи оваа пресметка да се најде во центарот на вниманието на цела јавност.

Домаќинот Синфин победи со гол постигнат во последната секунда за 23:22, но начинот на кој истиот беше впишан во официјалниот записник е нешто што ќе направи овој погодок да биде впишан за ремек-дело на годината во АСОБАЛ лигата.

Херој на викендот е Начо Валјес, ракометарот на Синфин кој со неверојатен парабола удар го надмудри живиот ѕид, но и голманот кој едноставно не можеше да поверува како топката заврши во аголот…

Генијалниот шут погледнете го и од перспектива на фановите кои исто така останаа во неверица…



Спонзорирани линкови

Маркетинг