Страшно невреме во Тенерифе, огромни бранови разбија зграда

Макфакс

19/11/2018

13:06

5.148

Големина на фонт

а а а

Силното невреме предизвика високи и силни бранови на северниот брег на Тенерифе, најголемиот остров на Канарските Острови.

Како што известуваат „Скај њус“, повикувајќи се на локалните медиуми, 39 луѓе беа евакуирани од своите домови, но исто така велат дека никој не е повреден.

На социјалните мрежи се објавени снимки од огромни бранови што удираат во крајбрежјето и комплексот згради долж брегот. Снимките ги покажуваат брановите кои удираат во зградата сè до третиот кат, и како што се гледа на снимката, брановите значително ги оштетиле балконите.

На една снимка може да се види како бранот ја погодува зградата и ги крши оградите на балконите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг