Пукал на 16-годишен Афроамериканец кој само прашувал за насоки до училиштето: На суд рекол дека пукнал случајно, но еве што велат снимките

Точка

17/11/2018

11:31

1.950

Големина на фонт

а а а

Џефри Зиглер од Мичиген, кој пукал во афроамериканско дете кое му заѕвонело на вратата, добил затворска казна од четири до десет години затвор.

Во април оваа година, 16-годишниот Бренан Вокер го пропуштил училишниот автобус и се изгубил на пат до училиште, а потоа заѕвонел на вратата на Зиглер, за да го праша за насоки. 

Наместо тоа, мажот излегол со пушка и почнал да пука во детето, кое било принудено да бега.

Неговата мајка Лиса Рајт истакнала дека се обидела да го подготви својот син за сите опасности на светот, но очигледно не можела да го подготви за ова.

"Имаме план за се. Но како да направите план кога некој ќе се обиде да ве убие, што тогаш да правите", вели таа.

Била задоволна со пресудата, но истакнала дека се надевала дека Зиглер ќе мине повеќе години во затвор.

Тој во октомври бил прогласен за виновен за напад на детето бидејќи се верувало дека имал намера да му нанесе повреди со оружје.

Мајката на детето истакнува дека нејзиниот син бил нападнат бидејќи е Афроамериканец.

Во текот на судењето, Зиглер рекол дека се сопнал и дека пушката случајно испукала. Меѓутоа, снимките од камерите во неговата куќа покажале различна ситуација, па поротата не му поверувала.




Спонзорирани линкови

Маркетинг