Леброн го мина Чембрлен на листата на најдобри стрелци

Макфакс

15/11/2018

09:39

1.081

Големина на фонт

а а а

Леброн Џејмс, изминатата ноќ, го престигна легендарниот Вилт Чембрлен на листата на најдобри стрелци во НБА лигата. Џејмс против Портланд постигна 44 поени, негов рекорд во дресот на ЛА Лејкерс, и сега има шест поени повеќе од Чембрлен.

„Кога можам да го правам она што го сакам на ова ниво и сега кога го престигнав Вилт кој е најголемиот на сите времиња, сеќавањето ме враќа во мојот роден град Акрон. Сето ова ме потсетува колку тешко беше сето ова и дека никогаш не треба да бидеш задоволен со постигнатото“, рекол Леброн во интервјуто по натпреварот.

Џејмс сега се наоѓа на петтото место на вената листа, пред него се Мајкл Џордан, Коби Брајант, Карл Мелоун и Карим Абдул-Џабар.

„Кралот Џејмс“ го коментирал и четвртиот триумф во низа на Лејкерс.

„Ова за нас е процес, од месец во месец сме подобри и подобри. Верувавме во замислите на тренерот, се боревме, скокавме, не губевме топки“, рекол Џејмс кој во Портланд покрај 44.поени забележа уште 10 скока и девет асистенции.

Лејекрси славеа над Портланд 126:117.



Спонзорирани линкови

Маркетинг