Вељаноски по изборот на Џафери побарал пратениците да му го штитат кабинетот

Макфакс

13/11/2018

14:26

1.366

Големина на фонт

а а а

Од пораките кои денеска се презентираат на рочиштето за 27 април од телефонот на поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски може да се види како вработена во Собранието му го раскажува на Вељаноски пресот на Зоран Заев, во кој вели дека дојден е моментот, односно дека во понеделник кога ќе дојде американскиот претставник Хојт Брајан Ји, Собранието на РМ треба да има нов претседател.

Вељаноски оваа порака на 27.04 во 15 часот и 54 минути му ја препраќа на тогашниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, по што Груевски во 16:04 часот му препраќа на Вељаноски порака од Панче Кралев со содржина „Добив информација од човек од ДУИ што дојде од состанок со Талат дека денеска попладне се спрема за негов избор за претседател на Собрание по иницјатива на СДС“.

По добивањето на оваа порака од Груевски, Вељановски му испраќа порака на пратеникот Илија Димовски во 16 часот и 07 минути да следат и доколку во 17 часот Талат Џафери биде избран за претседател, веднаш 10 пратеници да се качат пред неговиот кабинет за да го бранат кабинетот.

Во 18:32 часот Вељаноски добива порака од Димитар Стевананџија со предолг да почнат да се гасат светлата во Собранието. Во 18:39 часот Вељаноски добива порака од Илија Димовски дека Талат е прогласен за претседател на Собранието по што Вељаноски му повторува да пушти пола од пратениците кај него пред кабинет, а половина да останат во собраниската сала.