Стен Ли, еден од основачите на легендарниот Marvel Comics почина на 95 годишна возраст.
Веќе минатата година, кога здравјето започна да му се влошува започнаа дискусии за тоа кој ќе го наследи неговото големо богатство во вредност од 70 милиони долари.
Во понеделникот состојбата на Ли се влошила рано наутро во неговиот холивудски дом и итно ќе биде префрлен во болницата Сидарс Синаи, но набрзо по хоспитализирањето починал.
Тој зад себе ја остави својата ќерка Џоан Селиа, а неговата сопруга Џоан починала уште во јуни минатата година после мозочен удар, а парот во брак беше полни 70 години.
Ли се прослави во 60-те години, кога беше еден од основачите на Marvel Comics од кој потекнуваат најголемите суперхерои на денешницата кои се обожувани ширум светот. Hulk, Thor, X-Men, Dr. Strange, Iron Man, Spider-Man и Captain America се само дел од нив.