Вардар и покрај прекрасната публика, немоќен против Барса

Макфакс

11/11/2018

20:02

2.702

Големина на фонт

а а а

Барселона во преполната сала „Јане Сандански“ стигна до убедлива 26:30 победа над Вардар, нанесувајќи му го на поранешниот европски шампион првиот домашен пораз во Лигата на шампионите, и втор во седмото коло.

Ова е првпат по три години каталонскиот тим да успее да победи во Скопје.

Од стартот на мечот беше јасно дека Барса Ласа дојде во Скопје по победа, откако тргнаа со импресивна предност од 5:1, пред Тимур Дибиров со одлична серија да ја врати рамнотежата на 5:4. Сепак, гостите не ја даваа предноста и до крајот на полувремето стигна до предност од четири гола (9:13). 

Во второто полувреме, Вардар не успеа да ја наметне својата игра и Барселона ја одржуваше предноста, која дури порасна на +7 (16:23), по што рутински го комплетираа мечот. 

За Вардар најрасположени беа Тимур Дибиров со шест гола и Иван Чупиќ и Даинис Криштопанс со по пет, додека Барса ја предводеше Французинот Дика Мем со осум гола, а Мортенсен имаше четири гола. 

Со победата, Барселона се одвои на првото место во групата Б со 12 поени (6-1 скор), додека Вардар е израмнет со Рајн-Некар Левен и Виве Кјелце со 10 поени (5-2 скор), најавувајќи лута борба за директен пласман на фајнал-фор турнирот. 

За „црвено-црните“ нема време за одмор, бидејќи веќе следниот викенд гостуваат во Каталонија кај Барселона, пред на домашен терен да го пречекаат Кјелце, единствениот друг тим кој го совлада во жесток дуел во средината на октомври. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг