Илон Маск објаснил зошто сè почесто има испади во јавноста: "Кога работите 120 часа неделно, мора малку да полудите"

Точка

09/11/2018

19:04

3.498

Големина на фонт

а а а

За американскиот иноватор и милијардер Илон Маск, разликата помеѓу "разумниот" и "лудиот" работен распоред е некаде помеѓу 80 и 120 часа неделно.

"Ако работите 120 часа неделно, мора малку да полудите ... Имаше времиња кога спиев по неколку часа, работев, спиев, работев и така седум дена неделно. Некои од тие недели сигурно имаа 120 часа работа", изјавил Маск. 

Илон кој е сменет од позицијата на претседател на управниот одбор на "Tesla" (но се уште е на функцијата директор), вели дека 80-90 работни часа неделно се "сосема разумни".


"Додека 80 часа се прилично одржливи, страдањето кога работите повеќе од тоа е драматично. Нивото на болка експоненцијално расте. Над 80 е веќе нелинеарно", додал милијардерот.

Тој досега имаше неколку "испади" во јавноста за кои подоцна се оправдал преку напорната работа. Откако на една конференција за новинари во мај, Маск се пожалил за "глупавите и здодевни прашања", на следната се извинил за тоа.

"Нема извинување за лошото однесување, ги прекршив и сопствените правила во таа смисла. Но, има причина за тоа - не спиев и работев 120 часа неделно. Сепак, нема изговори", изјавил тогаш Илон.


Недолго потоа, иноваторот во август признал дека зема таблети за спиење.

"Кога се наоѓате под екстремен стрес, не можете да заспиете", вели тој.

Маск, кој освен со "Tesla", управува и со компаниите "Space X" и "Boring Company" признал дека големиот број работни часови не се добри за неговото здравје, иако смета дека нема друг избор.



Спонзорирани линкови

Маркетинг