Не престанува навивачкото лудило на „црвено-белите”: Му дојдоа и под прозор на Павков со песни

Дерби

09/11/2018

17:24

1.447

Големина на фонт

а а а

Српските медиуми во текот на изминативе денови на големо се занимаваат со сензационалната победа на Црвена Звезда против тимот на Ливерпул во Лигата на шампионите. Оваа победа за ,,црвено-белите’’, e дефинитивно една од најслатките за клубот од Белград во Европа по незаборавната ноќ во Бари од 1991 година.

Српскиот првак покажа неверојатна храброст и пожртвуваност и успеа да го урне европскиот вицешампион на преполната „Маракана“, а вистински херој беше напаѓачот Милан Павков, кој беше стрелец на двата постигнати гола во победата од 2:0.

,,Делии” не престанаа со навивање и по завршување на мечот, но, отидоа и дотаму, што успеаа да лоцираат каде живее Павков, за среде ноќ да му навиваат под прозор.

##https://twitter.com/ciiciimiicii/status/1060449878852149249##



Спонзорирани линкови

Маркетинг