Катастрофална грешка на доктор: Ѝ извадил здрав бубрег мислејќи дека тоа е канцероген тумор

Точка

09/11/2018

10:20

4.063

Големина на фонт

а а а

Морин Пачеко (53) страдала од болки во долниот дел на грбот и се надевала дека тој проблем ќе се реши со операција. Меѓутоа, наместо тоа, хирургот ѝ го отстранил едниот бубрег.

Д-р Рамон Васкез, кој несреќната жена го сретнала неколку минути пред операцијата во болницата „Velington regional“, во Флорида, на 29-ти април 2016-та година, требало да го отвори местото кое ѝ предизвикувало болки од несреќата која ја доживеала минатата година.

Васкез го отворил телото на тоа место и видел маса, за која мислел дека е канцероген тумор. Доколку ги погледнел снимките од магнетната резонанца на Морен, ќе видел дека се работи за совршено здрав бубрег, а не тумор, иако не се подигнал од карличниот регион до стомакот за време на развојот на фетусот.

Во секој случај, хирургот го отстранил „туморот“, а еден месец подоцна, патологот на болницата објавил дека тоа е всушност здрав бубрег. Ужаснатата жена сега стравува дека ѝ следува трансплантација на бубрег или дијализа.

„Ми го зема животот во свои раце и ме отпиша“. Да ги погледнеше снимките кои му ги дадоа, ќе сфатеше сè“, рекла Морин.


Осигурувањето за несовесно лекување, ги покрило другите двајца хирурзи, со по 250.000 долари, меѓутоа Васкез го немал тоа осигурување и тој во септември успеал да постигне договор за „номинална сума“, откако за грешката ја обвинил болницата и не признал одговорност.

Морин истакнала дека ниедна сума на пари не нема да ги поправи компликациите кои ќе ги има до крајот на животот.

„Постојано мислам на трансплантација на бубрег или дијализа. Живеам во постојан страв“, рекла таа.

Меѓутоа, маките на Васкез не завршуваат тука. Тужба против него поднело и Министерството за здравство, во Флорида, што значи дека Васкез може да биде парично казнет, а постои и можност за одземање на лекарската дозвола.

Адвокатот на несреќната жена смета дека нема да му ја одземат дозволата, а болницата веќе го раскинала договорот со Васкез.

„За 30 години постоење, во оваа болница досега немала ваков инцидент“, навела управата на „Velington“, во соопштението. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг