Јан Дејвид Лонг, поранешен маринец, е напаѓачот што го изврши нападот во Калифорнија

Макфакс

08/11/2018

18:42

3.009

Големина на фонт

а а а

Локалните власти го идентификуваа напаѓачот што уби 12 луѓе во ноќниот клуб во Калифорнија како 28-годишниот ветеран Јан Дејвид Лонг.

Според локалните власти, Лонг оваа пролет имал серија на неконтролирано однесување, но властите мислеа дека тоа е посттрауматско стресно нарушување кое било последица на воената служба.

Со димна бомба и пиштол, поранешниот маринец со качулка на главата, облечен во црно, отвори оган во барот и притоа уби најмалку 12 луѓе и рани десетици други, а според локалниот шериф Џеф Динпостојат сомнежи дека веднаш по нападот Лонг се самоубил во истиот бар.


Дин рече дека неговиот оддел бил во контакт со Лонг неколку пати порано и дека во април годинава тој во неговиот дом бил виден како се однедува нерационално и „диво“.

Шерифот, исто така, вели дека тогаш бил повикан професионален тим за да ја процени неговата ментална состојба, кој заклучил дека Лонг не треба да биде притворен.

Локалните власти велат дека мотивот на нападот се уште се истражува. Неименуван полициски претставник претходно изјави дека напаѓачот фрлил димна бомба и користел пиштол калибар 45 додека пукал во барот Таузанд Оукс, Калифорнија, 65 километри североисточно од Лос Анџелес.



Спонзорирани линкови

Маркетинг