Драма во Вашингтон: После големите турбуленции, Трамп го смени човекот за кој смета дека го предал...

Точка

08/11/2018

09:30

1.107

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа потврди дека му врачил отказ на министерот за правосудство Џеф Сешнс кој што инаку по функција е и главен државен обвинител во САД.

Американскиот државен обвинител поднесе оставка на барање на претседателот Трамп кој што има најмногу замерки на негова сметка поради тоа што се исклучил од истрагата за руското мешање во претседателските избори во САД во 2016-та година.

„Му се заблагодарувам на главниот државен обвинител Џеф Сешнс на неговата служба и му посакувам се најдобро. Трајната замена ќе биде номинирана наскоро“, порача американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа „Твитер“.

Во овој потег кој што би можел да се одрази на истрагата за руското мешање во изборите која што ја води специјалниот обвинител Роберт Милер, Доналд Трамп го замени Сешнс и најави дека ќе биде заменет од Метју Витакер.


Од „Фокс Њуз“ откриваат дека во писмото со оставката, Џеф Сешнс нагласил дека таквиот потег следувал затоа што тоа било побарано од него.

Сешнс ја загуби довербата која во него ја имаше Доналд Трамп, иако според многумина, Сешнс сепак до крај останал верен на програмата на Белата куќа. Сешнс побарал да биде исклучен од истрагата за руското мешање во претседателските избори во САД во 2016-та година поради неговите контакти со рускиот амбасадор.

Првиот човек на Демократите во Претставничкиот дом, Ненси Пелоси веднаш реагираше на оставката и оцени дека тоа е „очигледен обид“ за поткопување и ставање на крај на истрагата на специјалниот обвинител Милер.


Пелоси преку „Твитер“ го повика Витакер исто така да се исклучи од истрагата и порача дека „Конгресот мора да превземе итна акција за да го заштити владеењето на правото и целовитоста на истрагата“.

Покрај Пелоси, исто така и лидерот на Демократите во американскиот Сенат, Чак Шамер го повика Витакер да се исклучи од истрагата по примерот на Сешнс.

„Со оглед на неговите претходни коментари и наметнувањата на ограничувањата во истрагата на Милер, Витакер би требало да се исклучи од истрагата додека ја врши функцијата главен државен обвинител“, изјави Шамер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг