Професорка му испраќала сексуални пораки и видеа на малолетен ученик, полицијата отвори истрага против неа

Точка

31/10/2018

19:42

4.046

Големина на фонт

а а а

Професорка од Њу Џерзи е уапсена поради праќање на експлицитни фотографии и видео снимки на ученик кој е помлад од 16 години, пренесува Дејли Меил.

Стефани А. Карафа (32) предава во Средното училиште Томас Џеферсон во Лодај, а уапсена е во саботата откако било октриено дека имала сексуален контакт со ученик. Таа се соочува со обвиненија за сексуален контакт и загрозување на здравјето на детото. 

Обвинителството и полицијата во Лодај покренале истрага против професорката која во тоа училиште работи од 2012 година.


Според податоците на сајтот каде се оценуваат професорите, таа предава по природни науки.

Таа е ќерка на долгогодишниот градоначалник на Лодај, Емил Карафа, кој повторно бил избран во 2017 година.

Градоначалникот рекол дека неговата ќерка е љубовта на неговиот живот како и неговото семејство. Професорката има закажано сослушување на суд во петок во 9 часот.