Меси се врати на тренинзите

Точка

31/10/2018

16:31

802

Големина на фонт

а а а

После тешката повреда на раката, Аргентинецот Лионел Меси се врати на тренинзите на Барселона.

Капитенот на Барселона, поради повреда на раката беше приморан да ги пропушти дуелите на Каталонците против Реал Мадрид во Примера и Интер во Лигата на шампионите, но после десетина дена тој се врати на тренизите.

Барселона на својот профил на „Твитер“ објави дека Меси денес го одработил целиот тренинг, но тренерот Валверде сепак ќе го поштеди за дуелот против Леонес.

Засега не е познато дали Аргентинецот ќе се врати на терените овој викенд, но во секој случај одлична е веста за навивачите на Барселона тоа што првата ѕвезда на клубот се врати за толку кратко време назад на терените.



Спонзорирани линкови

Маркетинг