Албанската полиција уби Грк! Ја бранел честа на својата држава - бесните Грци сега бараат албанска крв!

Точка

30/10/2018

21:31

11.717

Големина на фонт

а а а

Албанската полиција синоќа соопшти дека едно лице загинало за време на вооружениот судир со полицијата по повод годишнината од влезот на Грците во Втората светска војна против Италија.

Албанските медиуми пренесуваат дека е убиен 35-годишниот Константинос Кацифас кој што отворил оган кон албанските полицајци со автоматска пушка „Калашњиков“ додека тие го симнувале грчкото знаме.

Инцидентот се случил во албанското село Буларат каде што живеат мнозинство етнички Грци. Таму се одбележувала годишнина од вклучувањето на Грција во Втората светска војна, 28-ми октомври 1940-та година, пренесува грчки „Катимерини“.

Од албанската полиција откриваат дека Кацифас загинал во размена на оган со безбедносните сили. Инаку, станува збор за Грк кој што бил роден во албанското село, но од неодамна живеел во грчкиот главен град Атина.

„Соборците“ на Кацифас, очигледно бесни поради реакцијата на албанската полиција, ги преплавија социјалните мрежи со закани и отворено повикуваат „народот да стане на нозе“ и да се одмазди.

Албанските медиуми пренесуваат дека пријателите на убиениот Грк јавно на социјалните мрежи ветиле дека крвно ќе се одмаздат.

Од грчкото Министерство за одбрана реагираа и истакнаа дека „неприфатливо е операцијата на албанската полиција што резултирала со загуба на човечки живот“.


„Чекаме од албанските власти целосно објаснување на условите под кои грчкиот државјанин го загубил животот и веднаш ќе ги превземеме сите неопходни чекори“, стои меѓу другото во соопштението на грчкото министерство за надворешни работи.

Од албанското Министерство за надворешни работи исто така се огласија после инцидентот со кратко соопштение во кое што е наведено дека „жалат поради неоправданата политизација“ на целиот случај.