Цврстиот стомак и дефинираните "плочки" се сон на секој маж. Вежбите за стомачни мускули спаѓаат во групата на најтешки и понекогаш здодевни вежби кои морате да ги правите долг временски период со цел да забележите резултати.
Меѓутоа, ние пронајдовме една вежба која популарно се нарекува "колевка" и која максимално ќе влијае на вашите стомачни мускули.
Вежбата се прави на следниот начин: легнете на грб и телото благо свиткајте го во колковите. Земете два полесни тегови во двете раце и испружете ги зад глава, а нозете подигнете ги од подот и исправете ги во колената.
Потоа, започнете да се лулате напред-назад, задржувајќи ја оваа позиција, и внимавајте нозете и рацете да не ви се поместуваат ниту да го допираат подот. Направете 8 повторувања, а потоа спуштете ја едната рака покрај телото. На овој начин ќе го "нарушите" балансот на вашето тело, што уште повеќе ќе ги активира стомачните мускули. Потоа, направете уште 8 повторувања, а потоа променете ја раката и направете уште 8. Сетоа ова спаѓа во еден сет, а во зависност од вашата кондиција и издржливост, можете да направите 3-4 сета на овој начин.
Ваквата вежба не е комплицирана за изведување, но бара многу сила а вашите мускули ќе горат кога ќе завршите со неа. Доколку редовно ја правите оваа убиствена вежба, за краток рок ќе забележите одлични резултати.
Во продолжение, погледнете како се прави оваа вежба: