Карембе го издвои најважниот играч на Реал: Се зависи од него, кога тој е во форма и екипата е во форма

Дерби

25/10/2018

19:01

2.706

Големина на фонт

а а а

Овој викенд е на програмата најголемото светско фудбалски дерби меѓу Барселона и Реал Мадрид во кое по долга пауза нема да ги гледаме двајцата најдобри фудбалери на планетава Лионел Меси и Кристијано Роналдо поради различни причини.

Меѓутоа тоа не значи дека нема да биде интересно, возбудливо, со многу жар и борба, бидејќи едноставно овие дуели тоа го гарантираа. Во пресрет на ова „Ел Класико“ една интересна анализа направи некогашниот ас на „кралевите“, Кристијан Карембе.

Тој во прв план го стави Реал и проблемите со кои се соочува, па така според него во моменто клубот пати затоа што најважниот играч не е на потребното ниво или во случајов тоа е Серхио Рамос.

-Во Мадрид, сè зависи од капитенот, Рамос. Кога тој е во форма, тимот е во форма. Серхио не е, кога тој се издвојува е неверојатен. Тој го поставува темпото со неговото водство, тој е оној кој го движи Мадрид, -истана Карамбе кој говореше и за заминувањето на Кристијано Роналдо.

-Реал Мадрид играше за Кристијано, денес тие треба да имаат друг начин на игра и да играат со талентот што го имаат. Сега немаме голгетер, тој не е таму. Кристијано беше Пичичи, а сега треба друг да најдеме, -порача Французинот кој ги има освено сите најважни клупски и интернационални трофеи.

Во однос на тоа кој играч го возбудува и го станува од столче поранешниот француски репрезентативец одговор:

-Ми се допаѓа Иско како Иско што го сакаме. Го знаеме Меси и останатите…Иско има талент да биде како Меси, – рече Карембе за кого Килијан Мбапе ќе биде играчот кој ќе ја одбележи следната деценија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг