Братот на Конте ги демантираше гласините: Реал го немаат исконтактирано

Точка

25/10/2018

17:03

857

Големина на фонт

а а а

Италијанскиот тренер Антонио Конте во последниов период се почесто се поврзува со Реал Мадрид.

Шпанските медиуми пренесуваат дека тренерот на „Кралскиот клуб“, Хулен Лопетеги наскоро ќе добие отказ, а на негово место ќе пристигне поранешниот тренер на Челси, Антонио Конте.

Сепак, братот на Антонио, Даниеле, порача дека засега немало никаков контакт помеѓу Антонио и Реал Мадрид.

„Антонио во овој момент е на одмор. Тој нема добиено ниту еден повик од Реал Мадрид. Можеме дефинитивно да кажеме дека Реал Мадрид е голем клуб, но досега немало никаков контакт“, изјави Даниеле.



Спонзорирани линкови

Маркетинг