Крос за проблемите во Реал: Роналдо е неверојатен играч, но сега не може да ни помогне

Дерби

24/10/2018

19:37

1.169

Големина на фонт

а а а

Реал Мадрид не успева да се наметни и да дојде до очекуваните резултати во првите месеци од новата сезона, а причината многумина ја гледааат во заминувањето на Кристијано Роналдо.

Роналдо со години беше најважниот играч на „кралевите“, играч без кој едноставно не можеше да се замисли екипата, но ова лето тој одлучи да си замине од шпанската престолнина и се пресели во Торино. Сега се појавија проблеми, па името на Португалецот постојано се споменува во јавноста, но се чини на играчите им е преку глава од тоа и веќе почнаа да испраќаат јасно пораки. Иско порача дека треба да престанат да „плачат“ по Кристијано затоа што едноставно тој не е тука и сегашните решенија треба да се бараат во оваа екипа. Таков сличен став има и Тони Крос кој по триумфот над Плзен беше јасен и прецизен:

-Секако дека малку се промени, ама мислам дека клубот го сакаше тоа со таа одлука. Започнавме добро во сезоната и имаше мечеви каде дававме по три-четири гола и на кој не му фалеше Роналдо. Нема смисла да зборуваме за луѓе кои повеќе не се тука. Тој е неверојатен играч, можеби еден од најважните во историјата. Ама тоа не ни помага. Треба да го направиме ова без него, тоа е единствениот начин и покажавме дека можеме да го направиме. Секако ни фалат голови на последните мечеви, ама денеска лесно можевме да победиме со 4-1, 5-1 или 5-2. Во моментов имаме потешкотии со постигнување на голови, меѓутоа единствениот начин за да се подобриме е да продолжиме да работиме и топката ќе влезе, -порача Крос.



Спонзорирани линкови

Маркетинг