Евентуалниот отказ на Лопетеги нема да им се исплати на „Кралевите“

Дерби

24/10/2018

15:44

1.080

Големина на фонт

а а а

Доколку Реал Мадрид синоќа не славеше против аутсајдерот Викторија Плсен во Лигата на шампионите, речиси сигурно е дека Лопетеги ќе добиеше отказ.

Сепак, Реал победи со 2:1, а Бутрагењо потврди дека Хулен Лопетеги ќе остане на клупата на „Кралскиот клуб“ и ќе го води тимот на дуелот против Барселона.

Како и да е, иднината на Лопетеги во Реал засега е неизвесна поради слабите резултати на клубот, меѓутоа, евентуален отказ скапо ќе го чини мадридскиот клуб. Доколку Лопетеги добие отказ, тогаш Реал ќе мора да му исплати 18 милиони евра, сума која што му е загарантирана со договорот кој истекува во 2021-ва година.

Лопетеги го наследи Зинедин Зидан на клупата на мадридски Реал, меѓутоа клубот бележи слаби резултати на почетокот од новата сезона. Откако Реал немаше победено речиси еден месец, веројатно токму поради превисокото обесштетување Лопетеги остана на клупата на мадридскиот тим.



Спонзорирани линкови

Маркетинг