Реал Мадрид нема да му врачи отказ на Лопетеги пред „Ел Класико“

Точка

24/10/2018

11:06

1.148

Големина на фонт

а а а

Еден од директорите на Реал Мадрид, Емилио Бутрагењо проговори околу иднината на тренерот Хулен Лопетеги.

Реал Мадрид синоќа победи со 2:1 против Викторија Плзен, меѓутоа навивачите на „Кралскиот клуб“ ги исвиркаа фудбалерите, а секако, на најголем удар засега е тренерот Хулен Лопетеги.

По натпреварот, новинарите го запрашаа Бутрагењо дали Лопетеги ќе добие отказ, односно дали ќе биде тренер на екипата и на предстојниот „Ел Класико“ дуел против Барселона.

„Лопетеги ќе биде на клупата на „Ел Класико“, тоа е информација од врвот на клубот. Натпреварот против Барселона е огромна мотивација. Имавме многу шанси, а на крајот победивме со 2:1. Сепак, клучно беше тоа што победивме, а во иднина потребна ни е и поддршката на навивачите“, изјави Бутрагењо.



Спонзорирани линкови

Маркетинг