Очајни луѓе скокаат во река за да ја минат границата: Караван од бегалци оди кон Америка, Трамп се заканува со војска

Точка

22/10/2018

18:04

3.694

Големина на фонт

а а а

Се поголем број на мигранти од Централна Америка се доближува до границата меѓу САД и Мексико, а моментално ги има околу 5.000 луѓе.

"AP" наведува дека бројот на мигранти на границата се зголемил преку ноќ, а дека не вродиле со плод ниту напорите на мексиканската влада да ги сопре на својата граница. 

Бегалците во главно доаѓаат од Хондурас, но ги има и од Ел Салвадор и Гватемала. Нивната крајна цел се Соединетите Американски Држави, а не Мексико.

Моментално мигрантите се движат кон градот Тапачула во Мексико, а колоната е долга неверојатни 1,5 километри.

Најголем метеж има на мостот преку реката Сучиате, која е ги дели Мекскико и Гватемала. Мостот моментално е блокиран.

Поради тоа мигрантите скокаат од мостот во вода, обидувајќи се да ја препливаат реката и да минат во соседно Мексико.

Неколку стотини мигранти пријавиле статус за бегалци во Мексико, а се верува дека во државата пристигнуваат уште околу 1.500 мигранти.

Претходно, американскиот претседател Доналд Трамп се заканил дека со употреба на воени сили ќе ја затвори американско-мексиканската граница, како и дека ќе ја намали помошта за жителите на Хондурас, која во 2017. година изнесувала 175 милиони долари.




Спонзорирани линкови

Маркетинг