Тренерот на Хјустон: Казната на Пол не е правична…

Дерби

22/10/2018

14:25

1.236

Големина на фонт

а а а

Првото сезонско дерби меѓу Лос Анџелес Лејкерс и Хјустон Рокетс наместо по резултатот и добрата игра ќе остане запаметено по тепачката меѓу Ражон Рондо и Крис Пол во која свое учество зема и младиот Брендон Инграм.

За ова нивно однесување и „шоуто“ што го приредија во „Стејплс Центарот“ главните актери веќе ги добија казните од НБА лигата, па така членовите на Лејкерс Рондо и Инграм заработија суспензија од три, односно четири натпревари, а пак Пол беше испратен на „ладење“ на две средби.

Коментар да одлуката веднаш стигна од Хјустон и тоа од тренерот, Мајк Д'Ентони кој едноставно смета дека казната за неговиот плејмејкер не е правична.

- Тоа едноставно не е правично. Ако ги погледнете снимнките, ја гледате плунката, го гледате ова и она, само… Разбирам да добиеше казна од еден натпревар, ама што требаше да направи? Да застане таму, да биде плукнат, да прими удар во лицето и да каже „па се е ОК“. Тоа нема смисла за мене. Тие (НБА) го прават најдобро што можат. Тоа е тешка ситуација. Јас разбирам, ќе продолжиме, ќе бидеме во ред, ама едноставно не мислам дека е правична, - порача Д'Ентони,

Пол веќе го скокна мечот со Клиперс кој Хјустон го загуби со 115-112, но ќе мора да одмори и против Јута Џез.



Спонзорирани линкови

Маркетинг