Солари со една изјава најави дека би можел да го наследи Лопетеги на клупата на Реал Мадрид

Дерби

22/10/2018

12:58

1.162

Големина на фонт

а а а

Тренерот на Б-тимот на Реал Мадрид, Сантијаго Солари ги подгреа шпекулациите околу евентуалното отпуштање на менаџерот на првиот тим на „Кралевите“, Жулен Лопетеги.

Солари меѓу редови потврди дека тој очекува повик да го наследи Лопетеги на клупата на Реал Мадрид.

- Сите сме тука да му помогнеме на клубот во тешки времиња - изјави кратко Солари околу можниот негов ангажман во првиот тим.

Жулен Лопетеги и Реал Мадрид имаат три последователни порази, нешто што последен пат на клубот му се случило во сезоната 2006-07 кога на клупата беше Хуанде Рамос.



Спонзорирани линкови

Маркетинг