Касиљас му понуди решение на Перез за кризната ситуација во Реал

Дерби

22/10/2018

12:14

990

Големина на фонт

а а а

Икер Касиљас го заврши вчерашниот ден со една интересна активност на социјалните мрежи, односно им одговори на десетте најбрзи фанови кои му поставија прашање на неколку минути пред и после полноќ.

Актуелниот голман на Порто редовно одвојува време за своите следбеници на социјалните мрежи, па така беспрекорно и крајно искрено одговараше на прашањата поврзани на различни теми. Сепак, едно од нив се издвои поради тоа што беше поврзано за кризната ситуација во Реал Мадрид, односно низата од пет натпревари без пораз во сите натпреварувања.

Во Шпанија се погласни се шпекулациите дека Флорентино Перез е решен да му врачи отказ на Лопетеги, но сега Икер се обиде да му понуди едно друго решение на претседателот, укажувајќи на тоа дека беа направени премногу важни промени за повторно да се донесуваат избрзани одлуки.

– Мора да се задржи смиреноста. Сезоната само што почна. Фановите на Реал имаа големи барања, но исто така имаат и разбирање. Имаше многу промени во последно време и тоа многу важни, – истакна Касиљас кој индиректно јасно стави до знаење дека го дели мислењето на играчите од Реал кои сакаат Лопетеги да остане тренер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг