Сакаме да ги поддржиме храбрите пратеници кои гласаа, рече обвинетиот Вилијам Михајловски

Макфакс

22/10/2018

11:22

1.355

Големина на фонт

а а а

На почетокот од судењето за 27 април, обвинетиот Вилијам Михајловски рече дека сака да им даде поддршка на храбрите пратеници кои гласале за уставните промени.

“Сакам да изразам огромна поддршка за храбрите пратеници”, рече Михајловски.

Судијката Добрила Кацарска му го одзеде зборот и му рече дека сметала оти ќе каже нешто друго.

На рочиштето се присутни сите 33 обвинети и нивните адвокати.

Денеска треба да бидат пуштени цедеа со видеоснимки од 27 април. Прво присутните ќе ја гледаат снимката од собраниската седница одржана на 27 април.



Спонзорирани линкови

Маркетинг