Петокот беше само почеток на спроведувањето на Договорот од Преспа, им рекол Ахмети на Палмер и Бејли

Макфакс

22/10/2018

11:20

966

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, денес во Скопје се сретна со заменик помошникот на државниот секретар на САД, Метју Палмер и со американскиот амбасадор во Македонија, Џес Бејли.

Како што информираат од ДУИ, на средбата соговорниците дискутирале околу последните политички случувања во земјата, спроведувањето на Договорот од Преспа, реформите како и Евроатланската интеграција.

Ахмети ги потенцирал напорите за постигнување на потребната подршка во Собранието и истакнал дека петокот бил само почеток на повеќемесечниот процес за спроведување на Договорот од Преспа.

„Нашиот конструктивен придонес нема да изостане во наредните недели до заокружување на процесот за интеграција на земјата во НАТО и ЕУ. Земјата и регионот немаат друга алтернатива освен Евроатланската интеграција и усвојување на демократските западни стандарди“, истакнал лидерот на ДУИ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг