Додека Договорот од Преспа не дојде во нашиот Парламент ние остануваме во Владата, порача Каменос

Макфакс

21/10/2018

16:40

3.473

Големина на фонт

а а а

Грчкиот министер за одбрана и коалицискиот партнер на Алексис Ципрас, Панос Каменос, лидерот на Независни Грција, денеска од Солун, каде одржа говор пред членовите на Националниот совет на неговата партија, уште еднаш ги повтори ставовите на неговата партија.

Каменос потенцираше дека Независни Грци ќе ја напуштат Владата тогаш кога Договорот од Преспа ќе дојде во грчкиот Парламент.

„Нашата соработка со Владата, нашиот престој во Владата ќе биде се додека не дојде „нож до коска“, односно додека да дојде Договорот во грчкиот Парламент. Каде што чесно и јасно, како што имаме изјавено, ние ќе си заминеме“, изјави Панос Каменос.

Тој уште еднаш посочи и дека според него Преспанскиот договор е неприфатлив. Пред само неколку дена грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас си поднесе оставка од функцијата поради кавга токму со лидерот на Независни Грци, Панос Каменос, поради договорот за името меѓу Македонија и Грција.



Спонзорирани линкови

Маркетинг