Поради брегзитот британските компании ќе започнат со разгледување на резервните планови

Макфакс

21/10/2018

11:12

945

Големина на фонт

а а а

Повеќето британски компании планираат да ги започнат своите резервни планови до Божиќ, освен ако условите за брегзит не бидат појаснети, предупреди денеска Конфедерацијата на британската индустрија (CBI) која е водечка деловна организација во таа земја.

Оваа организација објави дека резервните планови вклучуваат можност за откажување, приспособување на синџирот на снабдување надвор од Велика Британија, складирање на стоки и преместување на производството и услугите во странство.



Спонзорирани линкови

Маркетинг