Седницата за уставните измени презакажана за 15 часот

Макфакс

19/10/2018

14:22

1.428

Големина на фонт

а а а

Седницата за уставните измени што требаше да започне во 12 е презакажана за 15 часот.

Неофицијално, обезбедено е потребното дво-третинско мнозинство за гласање на уставните измени, но се уште не е извесно дали денеска ќе се пристапи кон гласање.

За дискусија се пријавени уште петнаесеттина пратеници.

Во Собранието присутни се голем дел од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, а денеска пристигна и пратеникот Сашо Василевски, кој беше обвинет за настаните од 27-ми април. Тој беше пуштен од куќен притвор, со гаранција од 400 илјади евра по изјавата на премиерот Зоран Заев дека нуди помирување за „крвавиот четврток“. Василевски во изјава за „Макфакс“ рече дека не знае дали ќе гласа за уставните измени. Апелација пред малку го укина куќниот притвор и за пратеникот Крсто Мукоски.



Спонзорирани линкови

Маркетинг